Svet.SlajderСветСвет.Портал

Сенатот на Јута дозволи декриминализација на полигамијата во државата

Сенатот на Јута синоќа изгласа нацрт-закон за декриминализиција на полигамните бракови во сојузната држава, која пред речиси две децении се најде на насловите страници, по случајот со силување на малолетно лице во еден полигамен мормонски брак.

Вашингтон, 20 февруари 2020 (МИА) – Сенатот на Јута синоќа изгласа нацрт-закон за декриминализиција на полигамните бракови во сојузната држава, која пред речиси две децении се најде на насловите страници, по случајот со силување на малолетно лице во еден полигамен мормонски брак.

Согласно нацрт-законот, овие бракови нема повеќе да се сметаат за кривично дело туку за прекршок, слично на сообраќајните прекршоци. Како што наведуваат американските медиуми, многуженството ќе се казнува со 750 долари казна и општествена работа.

Сепак, за законот да стапи во сила потребно е да помине во Претставничкиот дом на сојузната држава, за што познавачите се сомневаат во таквиот исход.

Според актуелниот закон на државата, за полигамија може да се оди во затвор на пет до 10 години и да се биде одроден од црквата, што за многумина е уште полоша казна.

Полигамијата во Јута била забранета уште во 1890 година. Но такви мормонски фундаменталисти како таканаречениот ред „Обединети апостолски браќа“ се уште практикуваат полигамија. Според „Ју-ес-еј тудеј“, во Јута околу 30 илјади лица се уште живеат во полигамни заедници.

Во законскиот проект не станува збор за целосна легализација на многуженството, измами со многуженство и брак со малолетни лица остануваат кривични дела. Туку, се адресира тоа што во моментов е случај за тој мал дел од популацијата.

Иако тоа постои, властите на државата затвараат очи и премолчено го одобруваат многуженството.

Случајот на полигамниот брак на Том Грин во 2001 година е прв таков случај во 50 години кога еден маж беше осуден за полигамен брак со шест жени. Тој тогаш беше осуден за силување на малолетно лице – една од неговите жени забременила на 13 годишна возраст.

Додека Грин беше во затвор, сопругата го напуштила, но останатите пет жени останале со него да ги гледаат и воспитуваат 35-те деца од нивниот полигамен брак.

Општествената јавност во Јута тоа тогаш го прими со разбирање, па дури и го одобруваше. кб/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close