БалканБалкан.Портал

Сенатот на Универзитетот во Белград едногласно му го поништи докторатот на министерот за финансии Синиша Мали

Сенатот на Универзитетот во Белград едногласно донесе одлука за поништување на докторската дисертација на министерот за финансии Синиша Мали, поради фактот што го има плагирано својот докторат.

Белград, 12 декември 2019 (МИА) Сенатот на Универзитетот во Белград едногласно донесе одлука за поништување на докторската дисертација на министерот за финансии Синиша Мали, поради фактот што го има плагирано својот докторат.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, за потврда на Комитетот за професионална етика гласаа 32 членови на Сенатот, против и воздржани немаше, ниту некој од присатните сакаше додатно да ја појасни одлуката.

Одлуката на Сенатот е конечна што се однесува до Универзитетот, а кандидатот против неа може да поднесе жалба до Управниот суд. об/

Back to top button
Close
Close