0_Спорт.ПорталФудбал

Семеду се приклучува на Вулверхемптон

Дефанзивецот Нелсон Семедо е близу до заминување од Барселона. Дваесет и шестгодишниот Португалец е на прагот да потпише договор со Вулверхемптон, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.

Рим, 20 септември 2020 (МИА) – Дефанзивецот Нелсон Семедо е близу до заминување од Барселона. Дваесет и шестгодишниот Португалец е на прагот да потпише договор со Вулверхемптон, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.

Клубовите се договорија за условите на трансферот. Забележано е дека англискиот клуб наскоро ќе се договори за условите со самиот 26-годишен фудбалер.

Семедо се приклучи на Барселона во 2017 година. Минатата сезона во шпанското првенство тој учествуваше на 32 натпревари на кои постигна еден гол. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close