0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Семедо во фокусот на еден куп европски гиганти

Десниот бек на Барселона, Нелсон Семедо е во фокусот на еден куп европски гиганти, пишува „Мундо Депортиво“ на својата насловна денес.

Барселона, 22 мај 2020 (МИА) – Десниот бек на Барселона, Нелсон Семедо е во фокусот на еден куп европски гиганти, пишува „Мундо Депортиво“ на својата насловна денес.

Во првата линија се наоѓаат Јувентус, Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Баерн (Минхен) и Интер. На „Камп Ноу“ знаат дека во следниот трансфер прозорец ќе имаат малку пари за трансфери и затоа што ќе се обидат да продаваат играчи.

Дваесет и шест-годишниот португалски дефанзивец привлекува внимание со својата брзина и силен напад. Семедо има договор со „блаугранас“ до 2022 година, а Барса не може да му понуди договор со поголема плата.

Каталонскиот клуб може да го искористи и Португалецот како „монета“ за преговарање во обид да одблокира една од трансферните цели – Миралем Пјаниќ или Лаутаро Мартинез.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close