0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Семејства од социјален ризик од Делчево добија топла облека за заштита од студениот бран

Семејства од социјален ризик од Делчево добија топла облека за заштита од студениот бран кој ја зафати земјава. Акцијата е дел од активностите на Општинската организација на Црвен крст Делчево кои семејствата ги советуваа како да побараат помош во случај на дополнителна заштита од студеното време. 

Делчево, 17 февруари 2021 (МИА) – Семејства од социјален ризик од Делчево добија топла облека за заштита од студениот бран кој ја зафати земјава. Акцијата е дел од активностите на Општинската организација на Црвен крст Делчево кои семејствата ги советуваа како да побараат помош во случај на дополнителна заштита од студеното време.

-Поради студениот бран што ја зафати нашата држава, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Делчево на семејствата од сoцијален ризик им подели топла облека со цел да се заштитат од студеното време. Исто така семејствата се советуваа како правилно да се заштитат од студеното време, истакнаа од Црвен крст Делчево.
Пијанец и Малешевијата се места каде температурите кои деновиве беа измерени се меѓу најниските во државата, поради што како што додадоа оваа помош им е неопходна на најпогодените категории граѓани. Оттаму додадоа дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период.
Во меѓувреме од општината информираат дека се исчистени патиштата до сите рурални средини каде снегот во изминатите денови им претставуваше проблем во движењето на мештаните. вс/лв/

Back to top button
Close
Close