Дописници МКДМКДОпштински вести

Семејна колекција од 2.000 книги донирани на библиотеката во Делчево

По повод една година од смртта на роднокрајниот автор Драган Арсов од Делчево, неговот семејство денес донираше дел од семејната колекција од 2000 книги. Директорката на библиотеката Биљана Петровска информираше дека станува збор за наслови со историско значење кои ќе им послужат на помладите читатели.

Делчево, 11 мај 2021 (МИА) – По повод една година од смртта на роднокрајниот автор Драган Арсов од Делчево, неговот семејство денес донираше дел од семејната колекција од 2000 книги. Директорката на библиотеката Биљана Петровска информираше дека станува збор за наслови со историско значење кои ќе им послужат на помладите читатели.

-Еден од оние наши сограѓани кои во својот дом имаат големи и богати библиотеки, беше покојниот професор Драган Арсов. По неговата смрт, неговата фамилија одлучи дел од богатиот книжевен фонд, кој брои околу 2000 книги, да го подари на ЈЛБ „Илинден“. Тоа се книги кои се вистинско богатство и кои библиотеката вреди и треба да ги има. Има и стари изданија кои во денешно време тешко можат да се најдат. Од име на ЈЛБ „Илинден”,огромно благодарам, рече директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Лимонка Арсова, сопругата на покојниот професор Драган Арсов додаде дека дел од книгите се авторско дело на нејзиниот покоен сопруг.

-Тој за време на неговиот работен век обработуваше теми за културно-историскиот развој на Пијанец. Негови дела се Историјата на Делчево,, има издадено книга за школството во Делчево, за теророт и отпорот на Пијанечкиот крај. Тоа се дела на кои долго време работеше, така да имаме приличен број на книги кои сакам да ги подарам на библиотеката, околу 2000 и затоа дојдоа библиотекарите да прегледаат, се што има, за да се употреби за помладите генерации, истакна Арсова.

Од библиотеката изразија надеж дека овој пример ќе го следат и други сограѓани кои ќе сакаат да ја збогатат колекцијата на делчевската културна установа.вс/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close