0_Спорт.ПорталФудбал

Селта ја оствари најголемата победа во Ла Лига од 1954 година

Екипата на Селта попладнево во натпреварот од 30. коло од шампионатот на Шпанија го совлада Алавес со резултат 6:0.

Виго, 21 јуни 2020 (МИА) – Екипата на Селта попладнево во натпреварот од 30. коло од шампионатот на Шпанија го совлада Алавес со резултат 6:0.

Оваа победа е најголема за клубот од Виго од 1954 година. Тогаш Селта го совлада Атлетико со 8:1.

Селта со 30 бода се искачи на 16. место на табелата во Ла Лига.

Алавес со 35 бодови падна на 13. позиција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close