ЕвропаЕвропа.Портал

Село во Белгија без заразени од коронавирус

Херстапе, најмалото село во белгиската покраина Лимбург, од избивањето на епидемијата на Ковид-19 досега нема ниту еден заразен со новиот коронавирус.

Брисел, 2 април 2020 (МИА) – Херстапе, најмалото село во белгиската покраина Лимбург, од избивањето на епидемијата на Ковид-19 досега нема ниту еден заразен со новиот коронавирус.

Белгиските медиуми, како куриозитет ја пренесуваат информацијата дека коронавирусот, кој најтешко ја погоди токму оваа покраина, досега целосно го поштедил селото, во кое живеат околу 90 луѓе.

Жителите на ова место сметаат дека најзаслужна за таквата ситиуација не е нивниот „посебен имунитет“, туку дисциплинираноста во спроведувањето на воведените мерки.

Покраината Лимбург во белгискиот регион Фландрија е најтешко погодена област од Ковид-19, со над 75 проценти пополнети болнички капацитети. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close