Дописници МКДОпштински вести

Селаните од кичевското село Србица со доброволна акција ја обоија оградата на гробиштата

Селаните на кичевското село Србица спроведоа доброволна акција, ја обоија и ја исчистија оградата на селските гробишта или поточно првата половина на оградата, бидејќи акцијата ќе продолжи и следната недела.

Кичево, 22 јуни 2020 (МИА) – Селаните на кичевското село Србица спроведоа доброволна акција, ја обоија и ја исчистија оградата на селските гробишта или поточно првата половина на оградата, бидејќи акцијата ќе продолжи и следната недела.

– Завршивме голем дел од акцијата предвидена за боење и чистење на оградите на селските гробишта, боењето на остатокот од оградите ќе се случи следната недела. Им се заблагодаруваме на донаторите Џевит и Леутрим Беќири што се на привремена работа во САД, кои ја помогнаа оваа акција со 500 американски долари за купување на материјалните за боење, но имаше и други доброволни прилози, па затоа остатокот од парите со нивна дозвола ќе бидат искористени за следната акција, благодарност и до сите жители на селото што учествуваа во оваа доброволна акција, истакна претседателот на месната заедница на село Србица, Лулзим Рамчја. рз/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close