Оригинални текстовиПолитички партии

Села – Јазбец: Што поскоро формирање на новата Влада

Скопје, 27 јули 2020

Скопје, 27 јули 2020

Денес во канцелариите на АА во Скопје претседателот на АА Зиадин Села, заедно со генералниот секретар Арбен Таравари, го примија на средба амбасадорот на Република Словенија, неговата екселенција г. Милан Јазбец.

На средбата беше разговарано за актуелни политички теми, како што се изборите, каде претседателот Зиадин Села го извести амбасадорот Јазбец за позитивниот резултат на коалицијата АА-ААА, исто така, изразувајќи загриженост дека овие избори не биле на вистинско ниво. Поради оваа причина, испративме поплаки до надлежните институции, во кои за жал има политички влијанија, па затоа денес ќе ја изразиме оваа загриженост во форма на протест пред канцеларијата на ЕУ во Скопје, барајќи крај на купувањето на гласови.

На оваа средба се разговараше и за формирањето на Владата што е можно поскоро, така што граѓаните имаат што поскоро политичка и кредибилна Влада.

Претседателот на АА, Зиадин Села, му се заблагодари на словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, кој сега го заврши мандатот како амбасадор, за неговиот и придонесотна Словенија во евроинтегративниот пат на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Во оваа прилика, тој побара поддршка, како пријателска земја на Северна Македонија и нејзините граѓани, и понатаму да помогне во започнувањето на преговорите со ЕУ, што се очекува да биде приоритет на новата Влада на Република Македонија.

Алијанса за Албанците

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close