0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Секторска консултација за работата на Секторската работна група за правда

Секторска консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за правда и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“ се одржи денеска во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“.

Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) – Секторска консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за правда и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“ се одржи денеска во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“.

Основната цел на проектот, како што рече, програмска директорка на  Фондација Отворено општество, Данче Даниловска-Бајдевска, е зголемување на влијанието на граѓанското општество во процесот на пристапување на државата во ЕУ, преку креирање јавни политики што се темелат на докази за клучните реформски процеси.

Посочи дека во периодот од јануари 2019 до февруари 2020 година, продуцирале вкупно 12 извештаи во сенка за работата на 12 секторски групи во различни области.

-Извештаите прават пресек на тековните состојби во однос на секторските работни групи и претставуваат показател за спроведување на ИПА 2 фондовите во државата, бидејќи преку нив се отелотворува соработката помеѓу различни чинители, рече Даниловска-Бајдевска. Додаде дека секторските работни групи претставуваат формален механизам за консултација и соработка помеѓу институциите на извршната власт, граѓанското општество и другите заинтересирани страни.

Според неа, неопходно е ревидирање на моделот за избор на претставници на граѓанските организации во секторските работни групи преку менување на деловниците за работа и изборот на модел за учество на граѓанското општество во секторските работни групи.

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање појасни дека главната цел на секторската работна група е да се добие што поголема апсорпција на европските фондови и имплементација на клучните секторски реформи во процесот на пристапување во Европската унија.

Убеден сум, како што рече министерот, дека постигнатите резултати се должат на трендот на вклучување на граѓанските организации во работата на секторската работна група и додаде дека иако се постигнати значајни резултати треба да се продолжи со реформскиот процес со цел да се постигне целосна усогласеност со правото на ЕУ.

-Нашите реформи ги правиме пред се заради нас, за да покажеме дека нашиот систем се трансформира и дека државата оди во вистинска насока како кандидат за членство во ЕУ, рече Маричиќ.

Истакна дека негова цел како министер, а исто така и на Владата, е од партнерите да направат активни чинители на промените, пред сè заради зголемување на кредибилитетот на правосудниот систем, а не од некоја друга причина.

Министерот Маричиќ се осврна на резултатите од  работата на секторската група за правда, го поздрави учеството на граѓанските организации и изрази поддршка за соработка со граѓанските организации за периодот што следи.

Раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини во побара подобра координација на секторските работни групи, притоа даде забелешка на нивото на дискусија во овие групи, велејќи дека премногу се насочени кон дискусии за ИПА, наместо кон креирање политики.

Тој го поздрави учеството на граѓанскиот сектор во секторските работни групи и притоа побара посуштинска вклученост на овие организаци.

Бертолини, меѓу другото,  со забелешка дека недостасува „ехо“ во медиумите за работата на граѓанските организации во полето на владеењето на правото, бидејќи како што рече, медиумите известуваат главно за политички работи што се случуваат.

Тој, меѓу другото, препорача да се подобри структурниот дијалог за јавни политики на локално ниво.

На секторската консултација, што се одржа онлајн на веб платформата ZOOM говореа и координаторот на програмата за добро управување од Институт за демократија, Миша Поповиќ и програмскиот координатор за меѓународна соработка од Институт за човекови права, Маја Стојаноска.

Оваа секторска консултација е дел од проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации. дма/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close