БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Секретаријатот за цивилна заштита на Грција со порака на мобилните телефони ги информира граѓаните за коронавирусот

Преку бројот за итни случаи 112, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, синоќа испрати порака со упатства за коронавирусот до сите корисници на грчките мобилни оператори, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Атина, 12 март 2020 (МИА) Преку бројот за итни случаи 112, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, синоќа испрати порака со упатства за коронавирусот до сите корисници на грчките мобилни оператори, јави дописничката на МИА од Атина.

На лицата од ранливите групи граѓани им препорачуваат да останат дома колку е можно повеќе, а за останатите, и при најмал симптом на вирус, да останат дома и да разговараат со лекар, пред да отидат во болница.

-Одржувајте ја личната хигиена. Не се изложувајте самите и другите на ризик, пишува на крајот на пораката што е на грчки и англиски јазик. ср/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close