Svet.SlajderСветСвет.Портал

Секој трет пилот во пакистанска авиокомпанија има сомнителна дозвола за летање

Пакистан интернешенл ерлајнс (ПИА) ќе приземји третина од своите вкупно 434 пилоти под сомнение дека поседуваат сомнителни дозволи за летање,  соопшти денеска портпаролот на компанијата.

Исламабад,  25 јуни 2020 (МИА) – Пакистан интернешенл ерлајнс (ПИА) ќе приземји третина од своите вкупно 434 пилоти под сомнение дека поседуваат сомнителни дозволи за летање,  соопшти денеска портпаролот на компанијата.

Одлуката е донесена откако заврши истрагата за минатомесечната несреќа, кога се урна пакистански авион и загинаа 97 лица, а која покажа дека пилотите не ги следеле процедурите на летот. Министер во пакистанската Влада изјави дека снимачот на тонови во кокпитот покаживал дека пилотите си пречеле со разговор за коронавирусот.

-Кажано ни е дека истрагата, спроведена од Управата за цивилно воздухопловство, откри дека околу 150 наши пилоти имаат сомнителни дозволи, изјави портпаролот Абдула Х. Хан, пренесоа британските медиуми.

Сите пилоти вклучени во истрагата ќе бидат приземјени, додаде тој.

ПИА има флота од 31 авион што летаат на домашни и меѓународни линии.

Последната несреќа се случи минатиот месец кога „Ербас А320“ се урна во јужниот дел на Карачи. Само две лица го преживеаа падот на авионот. сд/

Back to top button
Close
Close