0_Македонија.ПорталДописници МКДХроникаХроника.Портал

Седумнаесет граѓани од Струмица, Гевгелија и Радовиш не ја почитувале забраната за движење

Седумнаесет граѓани од од Струмица, Гевгелија и Радовиш не ја почитувале забраната за движење синоќа, а меѓу нив има и двајца малолетници, информираат од СВР-Струмица.

Струмица, 6 април 2020 (МИА) – Седумнаесет граѓани од од Струмица, Гевгелија и Радовиш не ја почитувале забраната за движење синоќа, а меѓу нив има и двајца малолетници, информираат од СВР-Струмица.

Тринаесет лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица, три во Гевгелија и едно во Радовиш, а во просториите на полициските станици се приведени пет лица.

Вчера до Основно јавно обвинителство Струмица полицијата поднела 15 кривични пријави против исто толку лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, се додава во соопштението.

Со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат 12 нови лица се во домашна изолација, од кои 11 во Радовиш и едно во Гевгелија, а на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидентирани и шест нови лица во самоизолација.

Имено, во споредба со изминатите денови значително е зголемен бројот на граѓани кои не ја почитувале забраната за движење во определените периоди.рт/см/

Back to top button
Close
Close