Дописници МКДОпштински вести

Седуммина во тетовскиот регион добија пријави за прекршен полициски час, шест опомени за неносење маска

Во изминатите 24-часа (18/19-мај) седум лица не ја почитувалe одлуката за ограничено движење во тетовскиот регион. Тие биле лишени од слобода и во полициска станица добиле пријава поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“.

Тетово, 19 мај 2020 (МИА) – Во изминатите 24-часа (18/19-мај) седум лица не ја почитувалe одлуката за ограничено движење во тетовскиот регион. Тие биле лишени од слобода и во полициска станица добиле пријава поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“.

-Исто така, откако е донесена одлуката за задолжително користење на заштитни маски за изречени се нови шест мерки или вкупно 301 лице добиле писмено предупредување поради непочитување на наредбата за користење на заштита, информира денес СВР Тетово.

Во овој период се регистрирани 23 нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а биле контролирани вкупно 219 лица. Нови решенија за самоизолација нема, а е извршена контрола кај 50 луѓе. ас/оџ/

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close