ЕвропаЕвропа.Портал

Седуммина членови на левичарска младинска група во Русија осудени на затвор за обвиненија за тероризам

Руски воен суд осуди седуммина членови на левичарска младинска група за обвиненија за тероризам и ги осуди на затворски казни во траење од шест до 18 години, во случајот заснован врз обвиненијата за кои групите за човекови права тврдат дека се измислени.

Москва, 11 февруари 20202 (МИА) – Руски воен суд осуди седуммина членови на левичарска младинска група за обвиненија за тероризам и ги осуди на затворски казни во траење од шест до 18 години, во случајот заснован врз обвиненијата за кои групите за човекови права тврдат дека се измислени.
Судот во Пенза, западна Русија, ги прогласи членовите на групата Сет (Мрежа) за виновни за членство во терористичка организација и илегална трговија со оружје.

Дел од обвинетите првично се изјаснија за виновни за некои обвиненија, но подоцна рекоа дека дале лажно признание бидејќи ги мачеле со струјни удари.

Руските обвинители првично ги обвинија членовите на групата дека подготвувале напад за време на руските претседателски избори во март 2018 година и кога Русија беше домаќин на Светското првенство во фудбал подоцна истата година, но не успеале да ги документираат тие тврдења за време на судењето.

Обвинителството ги обвини дека нелегално купувале оружје и експлозив и дека организирале обука во рамки на својот план за соборување на Владата.

Активистите за човекови права и членови на руската опозиција ја обвинија Федералната служба за безбедност (ФСБ) дека ги измислила обвиненијата.

Лидерот на руската опозицијата Алексеј Навални пресудата ја нарече „ужасна“ и рече дека „сведочењата за фиктивна терористичка организација се добиени преку методи на тортура“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин наредил ревизија на случајот за да се дојде до заклучок дали истрагата, која доведе до обвиненијата, е во согласност со законите. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close