Свет

Седумдесет години од почетокот на Корејската војна

Северна и Јужна Кореја утре ќе ја одбележат 70-годишнината од почетокот на Корејската војна, секоја одделно од својата страна на границата.

Сеул, 24 јуни 2020 (МИА) – Северна и Јужна Кореја утре ќе ја одбележат 70-годишнината од почетокот на Корејската војна, секоја одделно од својата страна на границата.

Војната, во која загинаа и се повредени милиони луѓе, почна со напад на севернокорејските трупи врз Република Кореја (Јужна Кореја) во 1950 година. Заврши во 1953 година со примирје, а не со мировен договор, со што Корејскиот Полуостров и понатаму остана технички во војна.

Демилитаризираната зона на границата меѓу двете Кореи е воспоставена по завршување на војната.

Непријателството на Корејскиот Полуостров драстично се зголеми минатата недела кога Северна Кореја ја уништи меѓукорејската канцеларија за врски на своја територија, гневна бидејќи Јужна Кореја испраќа летоци против неа.

Пјонгјанг тогаш соопшти дека ќе одговори на таквиот потег со испраќање пораки и преземање други чекори, во врска со договорот од 2018 година за смирување на тензиите на границата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close