СветСвет.Портал

Седум жртви во пожар во фабрика за пиротехника во Индија

Најмалку седум лица загинаа во денешниот пожар во фабрика за пиротехника во јужната индиска држава Тамил Наду.

Њу Делхи, 4 септември 2020 (МИА) – Најмалку седум лица загинаа во денешниот пожар во фабрика за пиротехника во јужната индиска држава Тамил Наду.

Жртвите се шест работнички и сопственичката на фабриката, а во инцидентот се повредени уште две жени.

Полицијата информира дека пет жртви починале на самото место, а две подоцна им подлегнале на повредите.

Истрагата за пожарот е во тек. ссм/

Back to top button
Close
Close