Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Седум поетски остварувања во потесниот круг за наградата „Антево перо“

Седум поетски остварувања се избрани во потесниот круг за наградата „Антево перо“ за 2020 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Седум поетски остварувања се избрани во потесниот круг за наградата „Антево перо“ за 2020 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка.

На својот втор состанок, Жири комисијата за доделување на наградата во состав Венко Андоновски (претседател), Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), како поетски книги кои се издвојуваат по својот квалитет ги селектираше: „Жив(отн)и песни“ на Владимир Мартиновски, „Бујрум ако смееш прочитај ја тишината“ на Емељ Туна, „Остров во окото“ на Зоран Пејковски, „Потпис: Трепетлика“ на Ана Стојаноска, „Огнот наш нестишен“ испратена под шифрата „Сребрена“, „ЕДЕН МАЖ И ЕДНА ЖЕНА или како љубовта раздвојува светови“ (Интерактивна збирка) на Елена Пренџова и „Запирка“ на авторот Милена Ристова Михајловска.

Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, која во рамки на Манифестацијата првпат беше востановена минатата година со цел откривање и афирмација на нови млади талентирани поети кои творат на македонски јазик и потстрек за нивното творештво, стручната комисија ги номинираше: „Брадикардија“ на Филип Дракалски, „Средбата на Вулкан и Минерва“ на Георгина Петреска и „Фантомот и реката“, на поетесата Емануела Ковачевска Китановска.

На годинашниот Конкурс за наградата „Антево перо“, именувана според великанот на македонската поезија Анте Поповски, а  која се доделува како исклучително поетско признание за необјавена стихозбирка на македонски јазик, пристигнати се 96 авторски ракописи. Жири-комисијата смета дека има заинтересираност од авторите и нов рекорден број на пристигнати поетски книги што, според нив, треба да се толкува како продолжение на трендот на натамошен континуиран прогрес на Манифестацијата воопшто. мд/сп/

Back to top button
Close
Close