Дописници МКДОпштински вести

Седум нови случаи со Ковид-19 во Дебар

Седум нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Дебар или 48 новозаразени во последните осум дена.

Дебар,12 јули 2020(МИА) – Седум нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Дебар или 48 новозаразени во последните осум дена.

Со последните случаи, официјалните податоци потврдуваат дека вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата, изнесува 151. Битката со опасниот вирус ја добиле 57, а ја изгубиле пет.  Активни се 89 случаи, од кои десеттина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.

Во Дебар, општина која заедно со Центар Жупа беа првото жариште во државата, бројот на заразените е трипати повисок во втората фаза од болеста, односно од петти јуни, кога беше регистриран нов сличај.

Во првата фаза беа регистрани 51 случај, два во Центар Жупа, сопружници кои беа и првозаразени,кај кои болеста беше потврдена на 26 февруари, неколку дена по нивното враќање од Италија. Од вкупната бројка 47 ја добиле битката со опасниот вирус, додека четворица починаа, од кои тројца мажи од Дебар и жена од Центр Жупа.

Во втората фаза се останатите 100 случаи, еден во Центар Жупа, од кои десет се излекувани, еден починат, 52-годишен маж од Дебар, додека останатите се се уште активни на болеста.

Бројот се очекува и понатаму да расте, поради, како што оценуваат надлежните, „непочитувањето на мерките за заштита од страна на граѓаните кои и понатаму не носат заштитни маски и не одржуваат физичка дистанца“.

Според полициската статистика,пак, на Одделението за внатрешни работи, во текот на неделава која изминува на четриесеттина дебрани издадени им се прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.вт/фф/

Back to top button
Close
Close