0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица биле полесно повредени во четири од вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка била причинета материјална штета.

Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) – Седум лица биле полесно повредени во четири од вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка била причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати биле 47 возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престигнување. гв/сст/

Back to top button
Close
Close