0_Македонија.ПорталПолитика

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички сиситем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички сиситем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог законот за изменување на Законот за управување со отпад, по скратена постапка, подесен од пратеничките Маја Морачанин и Лилјана Поповска од ДОМ.

Комисијата за политички сиситем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за извршување, и за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, трите по скратена постапка, второ читање.

На дневниот ред на Законодавно-правната комисија има пет точки меѓу кои е Барањето за давање на автентично толкување на член 101 став (7) а во врска со член 190 од Законот за јавните набавки, поднесено од претеникот Реџаил Исмаили, како и точките што ќе ги разгледуваат комисиите за транспорт, врски и екологија и за политички сиситем и односи меѓу заедниците. вј/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close