0_Македонија.ПорталОпштество

Седници ќе одржат пет собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. 

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за изменување на Законот за јавните собири во прво читање.

Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправаат по Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, поднесена од група пратеници.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници на кои ќе ја разгледа Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, со Акциски план за спроведување за 2020-2022 година и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, по скратена постапка во второ читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за државната статистика, за електронска трговија, за таксата за привремен престој, за угостителската дејност, за индустриската сопственост, за туристичката дејност, за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за игрите на среќа и за забавните игри, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за буџетите, за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, за стоковните резерви, за јавен долг, за регистрирање на готовински плаќања, за даночна постапка, за пријавување и евиденција на обврски, за административните такси, за комуналните такси, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за даноците на имот, сите во прво читање. рп/сп/

Back to top button
Close
Close