0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Седницата за избор на составот на собраниските тела в понеделник

Претседателот на Собранието Талат Џафери за понеделник напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери за понеделник напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Во оној момент кога од соодветната Комисија ќе произлезе предлог за формирање работни тела соодветно ќе постапам по однос на обврската моја за свикување седница за спроведување на тој предлог, рече подоцна во изјава за медиумите Џафери.

Потреба на Собранието е, потенцира тој, да ги формира работните тела оти без нив не може да се впушти во понатамошна работа и функционирање.

-Во моментот кога ќе добијам извештај и предлогот за составот на работните тела соодветно ќе свикам седница за понеделник во 12 часот за да може тој предлог и официјално да помине низ собраниска процедура и да се донесе одлука од пленумот. На тој предлог ќе и претходи точка предлог-одлука за формирње работни тела во која што ќе се дефинира колку работни тела и кои работни тела ќе се формираат во Собранието, последователно како втора точка ќе биде предлог-одлуката за персоналниот состав на работните тела коишто ќе произлезат од предлог-одлуката, појасни Џафери.

Предлог-одлуката за формирање работни тела, како што додаде, е во негова надлежност и од таа причина се уште нема предлог.

-Комисијата во своја надлежност работи и ќе достави персонален состав на работните тела и во тој случај доколку, според процедурата, на самата седница предлог-одлуката за формирање работни тела се надополни со формирање нови тела од постоечкиве, тогаш во таа ситуација ќе треба Комисијата за избори и именување да има нова седница, да ја пополнат персонално таа евентуална нова или нови работни тела, рече Џафери.

Во однос на кворумот за работа на Собранието имајќи предвид дека еден пратеник е на Инфективната клиника, и не е верификуван мандатот на уште еден, претседателот на Парламентот уверува дека нема никаков страв затоа што за собраниските комисии е постигнат консензус меѓу парламентарните партии и од власта и од опозицијата.

-Пратеникот Зибери според информациите што досега ги имам е во добра здравствена состојба и во текот на денешниот ден ќе треба да биде отпуштен од Инфективната клиника и статусот негов ќе зависи од заклучокот на медицинскиот тим, односно на Клиниката – дали ќе има решение за изолација понатамошна, завршниот тест каков ќе му биде – дали ќе биде негативен или позитивен. Се зависи од таа ситуација. Хипотетички ако има решение за изолација а тестот му е негативен, тогаш на пратеникот според протоколот ќе му се овозможи според посебна процедура да влезе во посебна просторија, како што впрочем и минатиот пат беше, да го користи своето право на глас, а да не комуницира со никој друг во Собранието и да може да си оди пак според решението што го има. Тоа се зависи од идните информации што ќе ги имам. До понеделник има време да го докомплетираме и тој дел, посочи првиот парламентарец.

Џафери на брифингот со новинари рече и дека на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред бидејќи материјалите треба да поминат на комисии и оти по избор на нов претседател на Верификационата комисија, треба да се потврди мандатот на нов пратеник.

Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната спстојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во однос на барањата за носење на законот за попис на населението, бидејќи како што е предвидено, тој треба да се одржи во април следната година, Џафери рече дека сега е потребно до Собранието да се достави нов текст на закон имајќи предвид дека претходниот Предлог – закон беше доставен во собранискиот мандат што веќе заврши. Појасни дека законите што биле доставени во минатиот парламентарен мандат не се разгледуваат од актуелниот.

-Собранието е во нов состав и таков зкаон Собранието нема. Деловникот пропишува што со работата на претходните состави, рече Џафери.

Претходно на брифингот со новинарите тој кажа дека доколку не биде донесен нов закон за попис, тогаш оваа статистичка операција ќе треба да се организира согласно посточекиот. ев/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close