0_Македонија.ПорталПолитика

Седница на Владата во Охрид, дел од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата

Владата својата редовна 8-ма седница денеска ќе ја одржи во Охрид, како петта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата. Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Владата својата редовна 8-ма седница денеска ќе ја одржи во Охрид, како петта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата. Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.

– Во рамките на оваа точка градоначалниците на овие општини ќе презентираат информации од интерес на граѓаните и ќе информираат за одредени прашања и проекти од плановите за работа на локалните заедници, и согласно тоа, на седницата ќе се дадат насоки за политики и одлуки за проекти кои можат да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната власт, се вели во соопштението.

На седницата во Охрид ќе биде разгледаната и информацијата за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, како и информацијата за извршен инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и информацијата за превземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја.

На оваа седница, амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ пред министрите на Владата ќе ја презентира Програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.

Во рамките на теренските активности што ќе ѝ претходат на седницата, премиерот Оливер Спасовски ќе направи увид со реконструкцијата и санацијата на колекторскиот систем и ќе ја посети фабриката ЛТХ Леарница Охрид. Покрај овие теренски активности, заедно со вицепремиерката Мила Царовска и министерот Елвир Хасан ќе ја посетат и фабриката Братство Инокс.

Средби и други теренски активности во текот на денот во регионот ќе имаат и вицепремиерката Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министрите без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска и Елвир Хасан, како и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми. сст/дма/

Back to top button
Close
Close