Дописници МКДОпштински вести

Седмата Дримска конференција го носи Стратешкиот акциски план за Дримскиот басен

Управувањето со сушите ќе биде една од главните теми на дискусија на седмата по ред Дримска конференција што наредната седмица ќе се одржи во Тирана. На состанокот воедно ќе биде одбележана и десетгодишнината од Дримскиот процес, структурурата формирана со цел обезбедување координирана акција за управување со Дримскиот басен.

Охрид, 23 јануари 2020 (МИА) – Управувањето со сушите ќе биде една од главните теми на дискусија на седмата по ред Дримска конференција што наредната седмица ќе се одржи во Тирана. На состанокот воедно ќе биде одбележана и десетгодишнината од Дримскиот процес, структурурата формирана со цел обезбедување координирана акција за управување со Дримскиот басен.

Во склоп на работните средби, а и на самата Конференција ќе бидат презентирани одобрениот Стратешки акциски план за целиот Дримски Басен што содржи структурни мерки кои треба да станат дел од програмите на владите, а ќе биде презентиран и изготвениот Нацрт-план за управување со сливот на Охридското Езеро со програмата за мерки.

На средбата учествуваат повеќе од сто претставници на ресорните министерства, невладиниот сектор, академската фела и корисници на водните услуги од Албанија, Македонија, Грција, Црна Гора и Косово, како партициенти вклучени во проектот за заштита на Дримскиот басен.

Дримската конференција е организирана од страна на Глобалното Партнерство за води –Медитеран (ГВП Мед), како извршна организација за спроведување на ГЕФ проектот за Дримскиот басен и воедно Секретаријат на координативното тело „Дрим Кор Групата“.  Дримскиот процес се спроведува преку националните координатори во земјите од сливот – Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора.

Досега во рамките на Дримскиот процес се изготвени Прекугранична дијагностичка анализа за басенот, шест тематски извештаи за состојбите (социо-економија, биодиверзитет, хидрологија, загадување, институционалност и нексус). Сите тие елементи резултираа со изработка на Стратешкиот план по чие усвојување се планира свикување донаторска конференција на која би биле обезбедени средства за имплементација на мерките што ги предвидува. аб/аа/

Back to top button
Close
Close