0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

Седма жртва од експлозијата во Романовце, почина 55-годишен маж

Почина уште едно лице од повредените во експлозијата на плинската боца што се случи пред две недели во кумановското село Романовце, со што бројот на загинати се искачи на седум.

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Почина уште едно лице од повредените во експлозијата на плинската боца што се случи пред две недели во кумановското село Романовце, со што бројот на загинати се искачи на седум.

Од Клиниката за пластична хирургија за МИА потврдија дека лицето починало во шест часот изутрината на Клиниката за неврохирургија. Станува збор за 55-годишен маж.

– Лицето почина во 06:00 часот утрово на интензивна нега на Неврохирургија. Претходно лицето се лекувало на Клиниката за пластична хирургија, но поради сериозност на повредите е префрлен на интензивна нега на Неврохирургија, изјави директорката на Клиниакта за пластична хируругија Софија Пејкова.

Починатото лице било со над 45 проценти зафатеност на телото со изгореници. Зафатени биле и дишните патишта, а имал и инхалациони изгореници.

Од несреќата во Романовце, се лекуваат уште три лица во старата Градска болница.

Директорот на болницата, Љубен Арсенков информира дека во најсериозна состојба е 31-годишно лице. Пациентот е стабилен, но се уште во животна опасност и е поврзан на апарати за дишење.

Во оваа болница е хоспитализирана и бремената жена, кај која состојбата е значително подобрена и е префрлена на одделение. Хоспитализираното десетгодишото дете е со висок процент на изгореници, но во релативно стабилна состојба.

Претходно починаа две жени, едната на 63-годишна возраст, а другата 36-годишна и еден маж на 58 годишна возраст. На местото на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години.ир/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close