0_Спорт.ПорталФудбал

Себалос бара од Реал да го раскине договорот за закуп со Арсенал

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалос, чии права му припаѓаат на Реал Мадрид, има намера предвреме да го напушти лондонскиот клуб.

Лондон, 23 јануари 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалос, чии права му припаѓаат на Реал Мадрид, има намера предвреме да го напушти лондонскиот клуб.

Дваесет и тригодишниот Шпанец побара од мадридскиот тим да го раскине договорот за закуп со лондончаните пред крајот на сезоната и да му овозможи да пронајде нов клуб.

На последните четири натпревари Себалос беше резерва.

Во пресрет на Европското првенство 2020, играчот од средниот ред се плаши да не го загуби местото во шпанската репрезентација. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close