Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Се зголемува бројот на жртви и потврдени случаи на коронавирусот во Грција, вкупно 32 починати, над 1.000 заразени граѓани

Во изминатите 24 часа во Грција уште четири лица го загубија животот од коронавирусот, а регистрирани се 95 нови случаи, со што бројот на жртвите се зголеми на 32, а бројот на заразени лица на 1061, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 28 март 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Грција уште четири лица го загубија животот од коронавирусот, а регистрирани се 95 нови случаи, со што бројот на жртвите се зголеми на 32, а бројот на заразени лица на 1061, јави дописничката на МИА од Атина.

На одделите за интензивна нега во грчките болници, хоспитализирани се 69 лица, кои се приклучени на апарати, а нивната просечна возраст е 66 години, соопшти денеска претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас

Во Грција, до сега, анализирани се 14 363 примероци.

Бројот на починати во Грција денеска се зголеми на 32 лица, од кои 25 се мажи, а седум жени на просечна возраст од 73 години.

Професорот епидемиолог Циодрас рече дека Грција, според досегашните податоци, се наоѓа „во доброто сценарио и не го следи лошото сценарио“, што е случај во други земји, споменувајќи ја Италија како пример, со драстично зголемување на случаите и жртвите.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, пак, на денешната редовна прес – конференција за коронависот, соопшти дека од утре во три часот наутро, до 15 април 2020 година, се прекинуваат сите летови од и кон Холандија, како и трансфер летовите од и кон Германија, односно оние кои ја немаат Атина како конечна дестинација.

Хардаљас детално се осврна на враќањето на грчки граѓани од странство, истакнувајќи дека се врши само во случаи кога постои сериозна причина, а не станува збор за општа репатријација, на сите, бидејќи „тоа би било катастрофално“.

– Не вршиме општа репатријација, бидејќи тоа би било катастрофално за јавното здравје на нашата земја. Летовите се забрануваат и се забранија поради јавното здравје. Некои немаат сфатено дека колку и да викаат, ако немаат сериозна причина, ќе си останат таму, рече Хардаљас.

Тој посебно се задржа на Англија, објаснувајќи дека оттаму постојат 2.850 барања за репатријација.

Објасни дека ќе се вратат само оние кои имаат сериозна потреба и припаѓаат на три посебни категории: оние кои имаат потреба од итна здравствена грижа што не може да им се пружи онаму каде што се наоѓаат (бремени жени, лица со сериозни здравствени проблеми); оние кои немаат каде да престојуваат поради завршувањето или прекинувањето на работниот договор, како и оние кои што се заглавени поради транзит летови. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close