Svet.SlajderСветСвет.Портал

Се зголемува бројот на загинати во нападот во Кабул

Најмалку 10 лица загинаа, а 31 се повредени во денешната експлозија на бомба покрај пат, чија цел бил авганистанскиот прв потпретседател Амрулах Салех, кој помина само со полесни изгореници, соопшти Министерство за внатрешни работи на Авганистан.

Кабул, 9 септември 2020 (МИА) – Најмалку 10 лица загинаа, а 31 се повредени во денешната експлозија на бомба покрај пат, чија цел бил авганистанскиот прв потпретседател Амрулах Салех, кој помина само со полесни изгореници, соопшти Министерство за внатрешни работи на Авганистан.

Салех во своето прво телевизиско обраќање веднаш по нападот делувал добро и се појавил со завои на едната рака.

– Јас и мојот помлад син, кој беше со мене, сме добро. Имам полесни изгореници на лицето и раката од бранот на експлозијата, рече Салех.

Портпаролот на кабинетот на Салах, Разван Мурад изјави дека цел на денешниот напад бил конвојот на првиот авганистански потпретседател и истакна дека неколкумина негови телохранители биле повредени.

Тој истакна дека се работи за терористички напад.

Досега никој не презел одговорност за нападот, кој се случи пред почетокот на долгоочекуваните мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците во Доха.

Салех, кој е поранешен шеф на разузнавањето, преживеа неколку обиди за атентат, вклучително и минатата година кога 20 лица беа убиени во напад врз неговиот кабинет. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close