Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Се зголемува бројот на пациенти во Ковид-центарот во Дебар

Во Ковид-центарот на инфективното одделение при Општата болница во Дебар во последното деноноќие хоспитализирани се тројца нови пациенти.

Дебар, 14 април 2021 (МИА) – Во Ковид-центарот на инфективното одделение при Општата болница во Дебар во последното деноноќие хоспитализирани се тројца нови пациенти.

– Вчера попладне имавме 12 а денеска 15 пациенти и сите се на постојана кислородна поддршка, дневна терапија добиваат десеттина, додека дневно во просек по 12 лица доаѓаат за контрола. Во здравствена установа во Скопје имаме еден пациент од Дебар, рече Бали Алили, директор на болницата.

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, овој месец регистрирани се 30 нови случаи со Ковид-19, оздравеле 29, додека битката со опасниот вирус ја загубиле две жени од Центар Жупа и од Дебар.

Директорот Алили истакна дека се очекуваат резултати од 14 тестови. Тој потсетува дека претходно, односно од последните тестови околу 60 отсто биле позитивни.

Во меѓувреме, во Службата за вакцинација во оваа установа продолжува имунизацијата на лица постари од 77 години со вакцината на Астра Зенека, кои се пријавиле преку електронски пат или нивните матични лекари.

До денеска вакцинирани се 90 лица и кај ниту еден од нив не се забележани нуспојави. вт/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close