БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Се зголемува бројот на хоспитализирани лица од Ковид-19 во Албанија

Во последното деноноќие во Албанија регитрирани се помал број новозаразени со Ковид-19, споредено со вчера, но забележан е зголемен број на хоспиталзирани лица, споредено со деновите од изминатата недела.

Тирана, 22 јуни 2020 (МИА) – Во последното деноноќие во Албанија регитрирани се помал број новозаразени со Ковид-19, споредено со вчера, но забележан е зголемен број на хоспиталзирани лица, споредено со деновите од изминатата недела.

Според Еугена Томини,од Институтот за јавно здравје, од направените 239 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 33 лица, од кои дури 23 се од Тирана, која и понатаму останува главно жариште на вирусот.

-Во текот на изминатата недела имавме зголемен тренд на позитивно потврдени случаи, зголемени хоспитализирани случаи, но имавме и загуба на животи. Сето тоа е последица на непочитување на мерките за заштита и протоколите во деловните објекти. Загрижува факатот што старосната граница на заразените е од 30 до 40 годишна возраст, како и тоа дека се зголемува бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување, рече Томини.

Според неа, бројот на хоспитализирани лица моментно е 82, што е највисока бројка до сега. Од нив десет се на интензивна терапија и еден пациент е поставен на респираторна машина.

Од почетокот на пандемијата, во почетокот на март, до сега направени се 23.692 теста, позитвен резултат е добиен кај 1.995, битката со опасниот вирус ја добиле 1.159, ја изгубиле 44, а активни на болеста се 792 лица. вт/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close