БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Се затвораат судовите, кината, театрите, ноќни клубови, фитнес центрите во Грција, вкупно 117 случаи на коронавирус

Во Грција потврдени се вкупно 117 позитивни случаи на коронавирусот, од кои 34 се хоспитализирани.

Атина, 12 март 2020 (МИА) – Во Грција потврдени се вкупно 117 позитивни случаи на коронавирусот, од кои 34 се хоспитализирани. Две лица, мајка и дете во Солун кои беа и првите заболени, денеска се пуштени од болница, соопшти претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, на прес конференцијата одржана попладнево, беше соопштено дека надлежната комисија во Министерството за здравство решила во следните 15 дена да се затворат судовите, кината, театрите, ноќните клубови, фитнес центри, како и детските игралишта со лулашки. ср/ссм/

Back to top button
Close
Close