Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Се затвораат франкофонските универзитети во Белгија поради Ковид-19

Ректорите на франкофонските универзитети во Белгија одлучија попладнево да ги затворат универзитети, наставата продолжува онлајн.

Брисел, 12 март 2020 (МИА) – Ректорите на франкофонските универзитети во Белгија одлучија попладнево да ги затворат универзитети, наставата продолжува онлајн.

Од идниот понеделник универзитетите ќе ги затворат кампусите и зградите, но нема да ги суспендираат предавањата, информираа ректорите.

Се замолуваат студентите да останат дома и да ја следат наставата од далечина, преку електронска платформа, а професорите треба да најдат начин да ги стават на располагање сите материјали, дали преку скрипти, снимени предавања, подкасти и слично.

Студентите треба да бидат подготвени за испитната сесија во јуни.

Пред неколку дена се затворија и сите главни студентски клубови во франкофонскиот дел на Белгија, за да се спречи ширењето на коронавирусот. тм/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close