Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Се заглави славниот Тауербриџ во Лондон, колапс во сообраќајот (видео)

Проблемот траеше повеќе од еден час, што предизвика хаос во сообраќајот во Лондон. На објавени фотографии на социјалните мрежи можеше да се видат редови на моторциклисти и пешаци од двете страни на мостот, пренесува Би-Би-Си.

Лондон, 23 август 2020 (МИА) – Делови од  „Тауербриџ“ во Лондон, што се креваат и спуштаат за бодови да можат да минат по Темза, вчера не успеаја да се спуштат откако под мостот мина еден брод

Проблемот траеше повеќе од еден час, што предизвика хаос во сообраќајот во Лондон. На објавени фотографии на социјалните мрежи можеше да се видат редови на моторциклисти и пешаци од двете страни на мостот, пренесува Би-Би-Си.

Лондонската полиција соопшти дека инженерите веднаш почнале со санација на проблемот и мостот повторно бил отворен за пешаци, а властите ги замолиле мотоциклистите да најдат друг начин за движење.

„Тауербриџ“ е една од најголемите туристички атракции во Лондон, изграден е меѓу 1886 и 1894 година, потсетуваат американските медиуми. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close