Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Се враќа автентичниот изглед на поранешниот хотел Солун во Куманово

Привршува реконструкцијата на објектот на поранешниот хотел Солун во Куманово, информираа денеска надлежните од општината. Проектот вклучува санација, конзервација, реставрација и адаптација на објектот.

Куманово, 22 јули 2021 (МИА) – Привршува реконструкцијата на објектот на поранешниот хотел Солун во Куманово, информираа денеска надлежните од општината. Проектот вклучува санација, конзервација, реставрација и адаптација на објектот.

-Се враќа автентичниот изглед на поранешниот хотел Солун. Согласно проектот покрај конзервација, реставрација, санација и адаптација на објектот, предвидено е и обнова на ентериерот, опремување на просториите со мебел, организација на музички настан, обуки и други активности, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.


Согласно проектот, ќе се задржи автентичниот изглед, а покрај конзервација, реставрација, санација и адаптација на објектот, предвидено е и обнова на ентериерот, опремување на просториите со мебел.

Во приземјето се предвидува повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфоцентар, а во просториите на првиот кат, планирано е да има административни простории.

Секторот за евроинтеграции од Општина Куманово, во 2020 го изработи проектот за обнова на објектот, лоциран на улицата „Иво Лола Рибар“ во централното градско подрачје.

Обновата на објектот стартуваше на почетокот на годинава. Поранешниот хотел Солун, еден од најрепрезентативните објекти по кои е познато Куманово, изграден е уште во првата деценија на 20-тиот вел век. Проектот го реализираа Општина Куманово, а финансиран е од страна на ЕУ со Interreg-IPA CBC програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, кој се имплементира во соработка со Општина Дупница.

Бенефитот од реализацијата на овој проект велат од општината е повеќекратен и вклучува подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство.ам/лв/

Back to top button
Close
Close