Дописници МКДОпштински вести

Се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во Тетово

Јавното комунално претријатие „Тетово“ воведува рестрикции во водоснабдувањето поради драстично намалување на дотокот на количини на вода откако се појави дефект на главниот цевковод од новиот систем. 

Тетово, 24 февруари 2021 (МИА) – Јавното комунално претријатие „Тетово“ воведува рестрикции во водоснабдувањето поради драстично намалување на дотокот на количини на вода откако се појави дефект на главниот цевковод од новиот систем. 

Вчера беше утврдено дека е скината пластична цевка од цевководот кој носи вода од месноста Лешница преку новиот систем за снабдување до градската водоводна мрежа. Оваа рестрикција ќе биде трае се до санирање на дефектот на водоводната линија од Лешница.

-Поради сериозниот дефект во градските резервоари дотокот на вода се намали за 150 литри вода во секунда. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, Ве информираме дека од денеска, среда 24 февруари, ќе почне со рестрикција на водата за пиење од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00  и после полноќ 00:00 до 05:00 часот, информираат од ЈКП „Тетово“.

За да се ублажи ситуацијата со недостигот од вода за пиење во градската водоводна мрежа, комуналното претријатие ги пушти и активира и четирите бунари во градот Тетово, бунарот кај спортски центар, кај клиничка болница, кај поранешната фабрика ЕТКО и кај средното стручно училиште „Моша Пијаде“.

Стариот систем и бунарите обезбедуваат до 200 литри вода во секунда за целиот град. ас/мд/

Back to top button
Close
Close