Свет

Се урна авион кој доставувал тестови за коронавирус во Индонезија

Американската пилотка Џонс Лин загина откако се урна авионот со кој пренесувала тестови за дијагностицирање на Ковид-19 во едно индонезиско село, соопштија денеска локалните власти.

Џакарта, 14 мај 2020 (МИА) – Американската пилотка Џонс Лин загина откако се урна авионот со кој пренесувала тестови за дијагностицирање на Ковид-19 во едно индонезиско село, соопштија денеска локалните власти.

До несреќата дошло кога се расипал авионот со кој таа управувала, јави Си Ен Ен.

Лин требало да ги достави тестовите во селото Мамит во индонезиската провинција Папуа, а само неколку минути по полетувањето, таа пријавила дефект на авионот.

Авионот се урнал во езерото Сентани, а според официјалните лица, таа била сама во авионот. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close