Дописници МКДОпштински вести

Се уредуваат парковите во Берово

Во Берово во тек е уредувањето на парковите површини во централното градско подрачје. Активноста како што информираат надлежните ја спроведуваат екипи на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“, согласно програмата за одржување на градското зеленило.

Берово, 3 јуни 2020 (МИА) – Во Берово во тек е уредувањето на парковите површини во централното градско подрачје. Активноста како што информираат надлежните ја спроведуваат екипи на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“, согласно програмата за одржување на градското зеленило.
-Во рамки на работата екипите на ЈПКР „Услуга” од Берово, активно се работи на садење сезонско цвеќе во централното градско подрачје и одржување и средување на градското зеленило. Целта на активноста е градските паркови во Берово да бидат вистински репрезент на градот, како во делот на урбаното уредување, така и хортикултурно, истакнаа надлежните.
Паралелно како што додаваат, се работи и на уредување на обрасната вегетација околу речното корито на река Бреаглница.
-Чистењето и косењето од вегетацијата, како и чистењето на градското речно корито, исто така се дел од работатата на комуналните служби, кои убавото време го користат за средување на овој потег од градот. Апелираме во интерес на зелено и чисто Берово, сите заеднички, да се однесуваме совесно кон природата и да си го зачуваме она што градските власти, секојдневно се трудат да го уредат, додадоа надлежните.
Парково уредување деновиве се врши и во кругот на Домот за стари лица „д-р Иван Влашки“ во Берово. Како што информираа од оваа установа, во дворното место се засадуваат повеќе видови пролетни цвеќиња, а исчистена е и обраснатата тревна вегетација околу зградата. вс/ев/

Back to top button
Close
Close