Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Се санираат последиците од невремето во Велес и населбата Превалец

Комисии за проценка на штети на индивидуални имоти и објекти во текот на денешниот ден извршија увид, а ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, по што ќе следи соодветна интервенција за санирање на штетите, информира градоначалникот Аце Коцевски попладнево на прес конференција.

Велес 10 август 2020 (МИА) –  Припадници на Територијалната противпожарна единица – Велес (ТППЕ), екипи на ЕВН и ЈКП Дервен се на терен и ги расчистуваат наносите од песок и земја по улиците, како и од другите оштетени делови во погодените подрачја.

Комисии за проценка на штети на индивидуални имоти и објекти во текот на денешниот ден извршија увид, а ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, по што ќе следи соодветна интервенција за санирање на штетите, информира градоначалникот Аце Коцевски попладнево на прес конференција.

Toj  потенцира дека невремето со поројни дождови и поплави  во саботата вечер во населбата Превалец и Велес е е најголемо од невремето што се случи  во 1974 година.

-Ова е најголемата поплава што ја погодила Општина Велес, по онаа од 1974 година”, истакна Коцевски. Штетите, наведе,  се утврдуваат и како ќе пријавуваат граѓаните така ќе интервенираме на лице место.

Изрази загриженост и за настанатите штети на повеќе куќи, карактеристични по својата архитектура и градба од велешкото поднебје кои се заштитени со закон и прогласени за споменици на културата.
Информира  дека по завршување на проценката на штета ќе биде обезбедена и соодветна финансиска помош за дел од погодените од невремето според законските можности кои одредуваат колкава финансиска помош може да додели.

-Што е до нас ние ги преземавме соодветните мерки за да ги заштитиме граѓаните за да биде гарантирана безбедноста на минувачите покрај овие куќи и ги известивме надлежните државни органи да превземат соодветни мерки за санирање на последиците,појасни Коцевски.

Невремето предизвика големи оштетувања на повеќе улици, како во населбата Превалец, така и во околните места, а под мостот во населба Превалец насукани се дрвја и гранки кои ќе бидат расчистени во текот на утрешниот ден. Оштетени се околу 200 метри од фекалната канализација во населбата која се наоѓа над мостот, а која беше изградена минатата година и беа вложени околу 800 илјади денари.

-За неа бараме техничко решение како да биде решен проблемот за да повторно не биде однесена од некој нов поплавен бран, информира Коцевски.

Градоначалникот Коцевски ја потенцираше мудрата одлука на раководството на ЈПВ „Лисиче“ кои одлучиле во вечерните часови на 8 август да не ја испуштаат водата од акумулацијата, па поради тоа водата од поројните дождови била задржана и не придонела да настанат поголеми штети.ад/лв/

Back to top button
Close
Close