Дописници МКДОпштински вести

Се санираат оштетените спортски игралишта во Делчево

Во Делчево во тек се активности за санирање на оштетените спортски игралишта. За таа цел како што информираа надлежните повторно е санирано тениското игралиште кај Градски стадион кое е честа мета на вандали.

Делчево, 5 септември 2020 (МИА) – Во Делчево во тек се активности за санирање на оштетените спортски игралишта. За таа цел како што информираа надлежните повторно е санирано тениското игралиште кај Градски стадион кое е честа мета на вандали.

-Со поддршка на локални фирми меѓу кои и фирмата Алпин-ком обезбедивме материјали за повторна санација на тениското игралиште во Делчево со што повторно ќе биде ставено во функција на љубителите на тенисот, како репрезентативен спорт, истакнаа надлежните.
Поради понатамошна заштита од вандалските дејства од општината додадоа дека игралиштето секојдневно по 19 часот ќе биде затворено за користење.
-Соочени со фактот поради вандализмот на кое е подложено игралиштето кое е честа мета на несовесни граѓани, во наредниот период тениското игралиште ќе биде достапно за бесплатно користење на сите љубители на тенисот, секој ден од 15 до 19 часот, додека во другиот период од денот игралиштето ќе биде под клуч, за да не се дозволи повторно негово уништување, додадоа од Општината.
Освен тениското игралиште, Општина Делчево деновиве врши санација и на другите детски и спортски игралишта, а во агендата како што најавија е и осветлување на игралиштето кај делчевската гимназија. вс/са/

Back to top button
Close
Close