Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

СЕ сака да ја зајакне постапката во случај на кршењето на обврските од земјите членки

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го поздрави засилувањето на дијалогот и контактите со Комитетот на министри со цел на воспоставување на заедничка комплементарна постапка помеѓу двата статутарни органи на Советот на Европа во случај на сериозно кршење на обврските преземени со членството во Советот на Европа од страна на Земја-членка, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Стразбур, 30 јануари 2020 (МИА) Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го поздрави засилувањето на дијалогот и контактите со Комитетот на министри со цел на воспоставување на заедничка комплементарна постапка помеѓу двата статутарни органи на Советот на Европа во случај на сериозно кршење на обврските преземени со членството во Советот на Европа од страна на Земја-членка, јави дописникот на МИА од Стразбур.

ПССЕ во расправата на зимската сесија во Стразбур, повтори дека таквата постапка, во која ќе учествуваат двете законски тела и генералниот секретар на Советот на Европа, ќе го зајакне капацитетот на Организацијата „да реагира поефикасно“ во вакви ситуации и „ќе го зајакне влијанието на мерките што треба да се преземат и во однос на засегнатата земја-членка и Организацијата како целина “.

Ова посебно дојде со кризата со недоаѓањето на руската парламентарна делегација во Стразбур, што можеше да доведе до исклучување на Руската федерација од органзиацијата, која не сакаше да ја плати членарината.

Со усвојување на резолуција, заснована врз извештајот подготвен од Франк Швабе (Германија, СПЦ), ПССЕ ги обработи во детали основните принципи што треба да управуваат со оваа дополнителна постапка, истакнувајќи ја нејзината „веродостојна, предвидлива, реактивна и реверзибилна“ природа.

Усвоениот текст го дефинира процесот, чекор по чекор, што на крајот може да доведе до одлука на Комитетот на министри, по претходна консултација со Собранието, да постапи според член 8 од Статутот на Советот на Европа.

Инаку за време на оваа парламентарна сесија, ПССЕ одлучи да и го врати мониторингот на Посла поради непочитувањето на нејзините обврски за владеењето на правото.тг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close