Дописници МКД

Се решава проблемот со уличното осветлување во село Црник

Со поставување електрични столбови на неколку локации, во тек решавањето на проблемот со уличното осветлување во пехчевското село Црник. Активноста, како што информираше Мустафа Дуровски од единицата на локалната самоуправа во Пехчево, се реализира по претходни разговори меѓу селаните и пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски.

Пехчево, 3 февруари 2020 (МИА) – Со поставување електрични столбови на неколку локации, во тек решавањето на проблемот со уличното осветлување во пехчевското село Црник. Активноста, како што информираше Мустафа Дуровски од единицата на локалната самоуправа во Пехчево, се реализира по претходни разговори меѓу селаните и пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски.
-Тоа е еден од главните проблеми кој беше еден од приротетите за жителите на село Црник. Во изминатиот период во соработка со ЕВН правевме промена на голем дел од трасата во село Црник со поставување на бетонски столбови. Онаму каде имаше недостаток на бандери деновиве беа поставени нови столбови, со цел жителите да добијат улично осветлување, рече Дуровски.
Обврска на Општината, како што додаде, во наредниот период да бидат поставени дрвени столбови, секаде каде е тоа можно, со што проблемите со осветлувањето ќе станат минато.
Освен во село Црник од Општината најавија вишокот електрични столбови да ги постават на останатите места, како во градот така и во останатите населени места каде има проблем со намалена видливост. вс/скс/

Back to top button
Close
Close