Општински вестиСкопје

Се реконструираат паркиралиштата во населбата Јане Сандански

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска го означи почетокот на реконструкцијата на паркиралиштата во населбата Јане Сандански.

Скопје, 5 септември 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска го означи почетокот на реконструкција на паркиралиштата во населбата Јане Сандански.

Со задоволство можам да го означам почетокот на реконструкцијата на овој паркинг кој се протега по должината на булеварот Јане Сандански, почнувајќи од ООУ Ѓорѓија Пулевски, па се до раскрсницата со булеварот Србија, изјави Марин.

Од општината информираат дека станува збор за едно од најфреквентните места во Аеродром, а покрај жителите од околните згради, паркингот го користат и посетители на трговските центри, кои се наоѓаат во непосредна близина.

Вкупната површина е 36 илјади квадратни метри, а во четири фази ќе се реконструираат сите паркинзи, како и сервисните улици и тротоарите на овој потег. Во соработка со ЈП „Градски паркинг“, општина Аеродром ќе ги обележи паркинг-местата и ќе постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација за безбедност на граѓаните.

-Очекуваме реконструкцијата да биде целосно завршена за околу четири месеци и однапред им благодариме на жителите за нивното разбирање и трпение. Подобрувањето на инфраструктурата е од големо значење за сите нас, велат од општина Аеродром.ир/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close