Општински вестиСкопје

Се реконструира улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода

Во тек е реконструкцијата на улицата „Марко Орешковиќ“ во урбаната заедница во Кисела Вода во должина од 1500 метри и ширина од 4,5 метри.

Скопје, 21 јули 2020 (МИА) – Во тек е реконструкцијата на улицата „Марко Орешковиќ“ во урбаната заедница во Кисела Вода во должина од 1500 метри и ширина од 4,5 метри.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и советникот Зоран Ацевски денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција и рехабилитација на оваа улица.

Санација на улицата, според предвиденото треба да заврши за 15 дена.

Како што соопштија денеска општинските власти, по санацијата на оваа улица, граѓаните ќе можат безбедно да стасуваат до своите домови, а и да ги посетуваат најстарите цркви во градот, „Св. Ѓорги“ и „Св. Никита“.бт/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close