Дописници МКДКултураКултура.Портал

Се реконструира киносалата „Рудар“ во Пробиштип

Почнаа градежните активности за целосна реконструкција на киносалата „Рудар“ во Пробиштип.

Штип, 20 јануари 2020 (МИА) – Почнаа градежните активности за целосна реконструкција на киносалата „Рудар“ во Пробиштип.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, изјави дека проектот е вреден близу 20 милиони денари, пари обезбедени како грант од Платежната агенција, а данокот на додадена вредност е обврска на општината.

Особено сум горд што успеавме да обезбедиме грант за реализација на еден ваков проект, вели Анастасов.

Доколку сè се одвива според планираното, реконструкцијата треба да заврши за околу три месеци.

Станува збор за комплетна реконструкција на внатрешниот, надворешниот дел и инсталацијата, посочи Анастасов.

Тој забележа дека речиси десeт години киносалата во Пробиштип е надвор од употреба. Со реконструкцијата салата ќе добие нова сцена и столчиња, а планираниот капацитет е 360 седишта. вдј/фф/

Back to top button
Close
Close