Дописници МКДОпштински вести

Се реконструира дел од улицата во центарот на Гевгелија, сообраќајот пренасочен

Гребењето на оштетениот асфалтен слој, денеска го означи почетокот на ревитализацијата на дел од улицата ,,7 Ноември,, во Гевгелија и тоа на нејзиниот потег од кај Амамот до паркингот пред Основниот суд.

Гевгелија,24 јуни 2020 (МИА) – Гребењето на оштетениот асфалтен слој, денеска го означи почетокот на ревитализацијата на дел од улицата „7 Ноември“ во Гевгелија на потегот од кај Амамот до паркингот пред Основниот суд.

– Веднаш по гребењето на малиот дел од улицата, во должина од околу 300 метри, ќе биде поставен нов асфалтен слој на коловозната лента на оваа значајна сообраќајна артерија во центарот на градот по што ќе следува и целосно санирање на приодот до паркингот кај Стопанска банка, потврдија од Одделението за урбанизам на општина Гевгелија.

Поради изведување на градежните активности, од надлежната општинска служба информираа дека улицата денес и во наредните два дена ќе биде затворена за сообраќај и дека сите возила кои се движат кон центарот на градот ќе се пренасочуваат кон околните улици, поради што се апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци. им/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close