0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Се реализираат три проекти во музејот „Западна Македонија во НОВ“

Од петте проекти кои финансиски се подржани од Министерството за култура, музејот „Западна Македонија во НОВ“ подготвува три. Се собира документација, се консултираат стручни лица, се архивира поголема фото- документација и за околу 2 до 3 месеци трите проекти се очекува да бидат  целосно подготвени за реализација, потврди за МИА, Дардан Емини, директор на кичевскиот музеј.

Кичево, 23 јуни 2021 (МИА) – Од петте проекти кои финансиски се подржани од Министерството за култура, музејот „Западна Македонија во НОВ“ подготвува три. Се собира документација, се консултираат стручни лица, се архивира поголема фото- документација и за околу 2 до 3 месеци трите проекти се очекува да бидат  целосно подготвени за реализација, потврди за МИА, Дардан Емини, директор на кичевскиот музеј.

Се работи за проектите: научно истражување „Верскиот живот во дваесеттиот век во Кичево“, Грнчарството во кичевско-фото документација и научно истражување: „Првата светска војна 1914-1918 во Македонија“.

-Кустосите во музејот се целосно фокусирани кон собирање на документација, водење на разговори со историчари и стручни лица, се комплетира филмска документација и се она што е неопходно за да имаме успешна и сеопфатна реализација на овие проекти. Според нашите проценки трите проекти треба да бидат целосно финализирани до крајот на септември, вели Емини.

Тој додава дека од петте проекти за дополнителна реализација преостануваат уште проектот за научното истражување „Народни албански и македонски носии во Кичево и околината“, како и проектот што се однесува на домашниот и странскиот печат за скопјанката Мајка Тереза.за/лв/

 

Back to top button
Close
Close