0_Македонија.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштински вести

Се разговарало со инвеститори Попова Шапка освен на зима, на лето да биде и голф центар (ДПЛ)

При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово. Според него се разгледувале два пристапи за инвестирање во однос на летен и зимски туризам.

Тетово, 29 мај 2021 (МИА) – При посетите во странство се разговарало за Тетово и Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање, а таква прилика имало во Абу Даби, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи од Тетово. Според него се разгледувале два пристапи за инвестирање во однос на летен и зимски туризам.

-Едниот пристап Попова Шапка како можност за инвестирање не само во зимскиот туризам туку и во летен спортски туризам. Беше покренато прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар. Исто така го претставивме и како регионален центар заедно со Косово, да ги претставиме двете страни, од планината бидејќи очигледно големите инвеститори бараат поголеми регионални пазари и можноста регионално да се претставиме е секогаш поатрактивна. Почнуваме со оваа кампања за промовирање на нашите потенцијали и на странски инвестиции и затоа сме тука, за покоординиран пристап, нашите дипломати да се распределуваат низ светот,  истакна Бујар Османи,

Градоначалничката Теута Арифи вели дека општината има волја и интерес за соработка со државните институции со оглед на економската и развојна важност на Попова Шапка.

-Се работи за одвоени ингеренции за нас како Општина Тетово. Сепак за граѓаните Попова Шапка е важна не само за туризам туку и за развој на целиот полошки плански регион. Од овој аспект сме во постојана координација со Владата затоа што на сите ни е јасно дека таму е потребна длабока физибилитија студија која веќе е направена исто така и инвестиција од многу поголеми размери која би требало да дојде од меѓународни буџетирања и извори.Од аспект на обврски што ние како општина ги имаме во однос плански документации и друго, апсолутно сме спремни да бидеме од голема помош и поддршка. Тоа ние обврска да го реализираме. Имаме историја на еден детален урбанистички план кој е во една долга меѓусебна комуникација на Министерството за транспорт и врски и Општина Тетово. Се надевам дека во однос на тоа сме побарале да нема одолговлекување во однос на позитивните одговори за да може тој да биде реализиран, истакна Теута Арифи.

На прес-конференција во Владата, министерот за еконимија  Крешник Бектеши исто така одговорајќи на новинарско прашање, истакна дека за Попова Шапка нема интерес од  Абу Даби туку од европските земји.

-Што се однесува до инвеститорот кој беше наведен во обраќањето на премиерот не е од Абу Даби но секако дека ние сме отворени да добиваме понуди од сите страни по однос на развој на Попова Шапка. Инвеститорите доаѓаат од Европа и секако дека имаат конкретен предлог кој ќе биде разгледан и би требало да се одлучи во текот на оваа година. Секако дека со Брезовица можноста останува за да можеме да ги поврземе двата ски центри и во дел од Косово и во делот на нашата држава,сме пратиле писмо до косовската влада и очекуваме тоа да се разгледа, изјави Бектеши.

Османи и Арифи заедно со економски советници кои ќе бидат задолжени за привлекување инвестиции во странство имаа средба за запознавање на потенцијалите во тетовскиот регион. ас/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close