ЕвропаЕвропа.Портал

Се распадна главната коалиција во украинскиот Парламент

Најсилната украинска парламентарна коалиција се распадна откако партијата Народен фронт ја напушти фракцијата на претседателот во заминување Петро Порошенко

Киев, 17 мај 2019 (МИА) – Најсилната украинска парламентарна коалиција се распадна откако партијата Народен фронт ја напушти фракцијата на претседателот во заминување Петро Порошенко.

Врховната Рада сега има рок од еден месец да формира нова коалиција, а во спротивно претседателот може да го распушти Парламентот и да распише нови парламентарни избори. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close